Советот на Европа бие на тревога за дупки во мрежата за безбедност во Унијата. Предупредувањето се содржи во информација на Советот за исламска закана, пишува „Катимерини“.
Во него малку по нападите во Брисел европските аналитичари откриваат сериозни проблеми по однос на управувањето со информациите и невољноста за соработка помеѓу земјите членки.
Тие се спротивставуваат и на неопходноста од поврзување на одделни бази на податоци со кои располагаат Фронтекс, Европол, Интерпол и други со податоци за сомнителни лица во врска со тероризмот.
Во документот се открива, на пример, дека додека во редовите на Исламска држава влегле над пет илјади европски граѓани, во базата на податоци на Европол биле регистрирани 2786 сомнителни лица, а во Европскиот информациски систем – едвај 1473.
Констатациите во извештајот се појавуваат само неколку дена по драматичните случувања во Брисел и по обзнанувањето на високи европски претставници за весникот Катимерини, дека белгиските, како и турските власти биле предупредени од тајните служби на „трети“ замјиза евентуални самоубиствени напади на нивна територија без да можат на крајот да ги спречат.
Посебно за Грција, пропустите кои продолжуваат да се откриваат во однос на контролата и земањето на отпечатоци од прстите од странци на граничните влезни пунктови во земјата се оценуваат од Советот како дупки во антитерористичкиот чадор на ЕУ: „Во некои врели точки сеуште не се преземаат неопходните проверки во врска со безбедноста“, стои со големи букви во извештајот.
Во него се оценува напредокот при реализација на одлуките кои се набрзина преземени по нападите на Исламска држава, со кои се предизвикаа многу жртви во Париз, а констатаците не се сосема позитивни: „Не се извршува системската регистрација на сомнителни џихадисти во Шенгенскиот информациски систем и во Европскиот информациски систем“, констатираат авторите.
Тие дополнуваат дека едвај пет држави членки минатата година размениле информации за дејноста на џихадистите по линија на базата на податоци на Европол.
Карактеристичен во таа насока е случајот со Абделхамид Абауд, кој се смета за „мозокот“ на терористичките напади во француската престолнина. Во јануари 2015, белгиската полиција располагала со непроверени информации за присуството на Абауд во Атина, но не ги доставила до грчката антитерористичка служба.
Како резултат на тоа, 27-годишниот Белгиец не бил уапсен. Слично нешто се случило и со Ибрахим ел Бакрауи – еден до авторите на самоубиствениот напад на аеродромот во Брисел. Тој бил приведен како сомнително лице од Турција заради неговите врски со Исламска држава, но потоа бил пуштен на слобода по екстрадикцијата во Холандија.
Советот на Европа предлага да се забрзаат процедурите за собирање на класифицирани информации за податоците за патници кои патуваат со авион надвор од Шенген зоната. Се очекува во блиска иднина да биде ратификувана директива во таа насока. Советот предлага таа што е можно поскоро да биде применета од земјите членки.
Во документот се одбележува дека само пет европски држави (Австрија, Велика Британија, Германија, Шпанија и Франција) оформиле дополнителни структури за „поврзување“ во рамките на специјалната антитерористичка служба која во јануари беше основана од Европол.
Според извори на весникот, раководството на грчката полиција планира обука за полицајци за борба со појави предизвикани од процесот на радикализација и екстремизам. Слична иницијатива беше преземена и од белгиската полиција која се зафати со обука на 18 илјади полициски службеници и офицери за спречување на тие појави.
Грчката програма за обука ќе биде финансирана со средства од ЕУ и посебно од Европскиот фонд за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст