| четврток, 6 декември 2018 |

Лустриран началник кој врбувал средношколци

Komisija za lustracija

Иако се уште не се објавени имињата на поелдните тројца лустрирани, за нивните дела веќе има информации.

Првото лице било републички делегат во Собранието и тоа се јавува како извор и како наредбодавател, значи соработник и наредбодавател. Бил вработен во МВР и стигнал до заменик-началник на еден од секторите во МВР. Тој кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години врбувал и следел, најчесто, македонски средношколци во оперативна акција насловена Младинции, а во седумдесеттите години истите активности ги спроведувал и кај албански студенти кои биле на студии во Скопје.

Бил ангажиран за лица за кои постоело сомневање дека делувале од позиции на македонски национализам и сепаратизам, како и за албански национализам и шовинизам. Основните човекови права и слободи ги прекршувал од идеолошко-политички причини.

Второто лице, кое е исто така соработник и наредбодавател, ексдекан на Факултетот за безбедност, било вработено во МВР во повеќе градови низ Македонија и ги прекршувало човековите права и слободи, исто така од идеолошко-политички причини.

Лицето, пак, што е само соработник се јавува во улога на оперативна врска кон крајот на седумдесеттите години и делувало за лица осомничени за албански национализам и шовинизам, како и кај албанската емиграција во странство. Било републички делегат во општествено-политичкиот собор, а извесен период и потпретседател на кичевското собрание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top