| четврток, 6 декември 2018 |

Двапати поскапи цигари во Србија

Цигарите во Србија ќе поскапат скоро двојно од  1 јануари 2017 година. Исто така, пушењето ќе биде забрането на сите јавни места, вклучувајќи ги и угостителските објекти, што за Србите е вистински шок. Во Македонија овој закон функционира од 1 јануари 2010 година.

Поскапувањето е резултат на усогласувањето на домашната акцизната политика со онаа на Европската унија, што би значело дека наместо сегашните 50 евра на 1.000 цигари, акцизите ќе бидат 90 евра на 1.000 цигари.

Во пракса, кутија цигари кои денес коштаат 290 и 230 динари, од јануари би чинеле 495, односно 415 динари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top