| четврток, 6 декември 2018 |

Јасно е дека фантоми нема – СДСМ повторно манипулираше со јавноста

По објавувањето на списокот на Државната изборна комисија за спорните гласачи, сосема е јасно зошто СДСМ се противеше на тоа објавување. Така излезе на виделина дека нивното тврдење дека во државава врие од фантомски гласачи повторно е само манипулирање со јавноста од страна на СДСМ.

На списокот објавен од ДИК за спорни гласачи, се јавија многу познати имиња кои ќе бидат предмет на теренска проверка. Од овде станува уште појасно дека СДСМ манипулира дека има фантомски гласачи. Во оние кои инсистираше да се проверуваат дополнително има нивни високи членови и членови на нивните семејства, нивни блиски соработници, новинари…

Јани Макрадули, Гордан Георгиев, Мирјана Најчевска, Благој Ханџиски, сестрата на Радмила Шекеринска, Лилјана, Фиат и Сефер Цановски, Дарко Давитковски од СДММ, новинарите Ерол Ризаов и Ида Протугер….сите овие личности им се многу добро познати на челниците од СДСМ и ДИК. Тие сега ќе мора да ја поминат теренската проверка за да се знае дали се фантомски гласачи.

Класична манипулација беа обидите за форсирање на Зоран Заев и СДСМ од изминатиов период да го прогласат избирачкиот список за нелегитимен. Веќе два месеци Заев говореше за 200.000, 300.000 или 500.000 фантоми само за да најде алиби за да го покрие извесниот пораз кој следува по очајниот рејтинг на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top