Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Денеска поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец А2 Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека – с. Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути помеѓу 13:00 – 15:00 часот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани – Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.