| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска не ги исполнила условите за влез во ЕУ

zname hrvatska

Хрватска во суштина не ги исполнила сите услови што ги поставила ЕУ за влез во заедницата бидејќи многу закони се усвоени на брзина, не постојат ниту услови за нивно спроведување, а подготвеноста за реформи ќе исчезне по влезот во ЕУ, оценува германската агенција ДПА.

 

Авторот на текстот наведува примери според кои Хрватска не е зрела за европската заедница. На пример, хрватскиот парламент ја прифати стратегијата за развој на правосудството од 2013 до 2018 година, која нема ниту годишен акциски план за спроведување, без што таа останува мртва буква на хартија.

Сѐ уште нема клучен Закон за стратешки инвестиции со кои требало да бидат отстранети пречките за инвеститорите, на што се жалеше Брисел.

Како нерешени проблеми на Хрватска, агенцијата ја наведува и корупцијата, застарената јавна администрација, странските инвеститори…

– Хрватска со километри е далеку од стандардите на ЕУ. Во економијата во голем дел сѐ уште одлучуваат мафијаши. Ако така се однесува кон странските инвеститори, тогаш земјата не припаѓа на ЕУ – се наведува во писмото што ДПА го цитира на австрискиот претприемач Фридрих Ебнер, чин концерн за градежни материјали во Хрватска има фабрика за тули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top