
Создавање голема Србија и голема Хрватска на штета на Босна беше договор меѓу Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман, кои во текот на воените години се сретнаа 42 пати, тврди хрватскиот генерал и командант на Четвртата гардиска бригада, Иво Јелиќ.
„Во случајот суштината на Туѓман и Милошевиќ беше да се подели Боста и тоа беше единствената причина за нивното состанување. Од тој сојуз требаше да настанат голема Србија и голема Хрватска, со граници на реките Босна и Неретва -изјави Јелиќ за „Слободна Далмација“.

Според неговото образложение, пред војната Српската академија на науките и уметностите проблемот со Косово го оценува како најголема рак-рана за Белград, која конечно треба да се реши и тоа со создавање голема Србија.
– За да го постигнат, им беше партнер потребен на Балканот, а тоа е Загреб. На партнерот му беше понудена голема Хрватска, која требаше да ја земе цела западна Босна, по примерот на некогашната Бановина Хрватска, но Загреб беше задоволен и со западна Херцеговина – истакна тој.
Тој тврди дека војната е поттикната од Лондон бидејќи британската претстолнина е двигател на сите геополитички случувања, војни, кризи, па така и воените во поранешната Југославија се дел од британскиот проект, како и целосната арапска пролет.
Според него, целта на Лондот беше да се урне комунизмот, а сеедно им беше дали ќе се убиваат Србите и Хрватите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


