
Фолк-пејачката Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко Пиљкиќ пред три месеци ја добија долгоочекуваната вест. По неколкугодишната борба за потомство, пејачката конечно е бремена, благодарение на методот на вештачко оплодување. Среќните идни родители последниве три месеци ги живеат највозбудливите денови на својот заеднички живот.
-Знам дека звучи како фраза, но навистина не можам да го опишам моето чувство. Срцето толку силно ми чукаше што мислев дека ќе ми излета од градиве. Благодарна сум му на Бога за сè што направи за мене и често умеам да кажам: ’Ти благодарам, Боже, за сè што ми испрати. Го сакам убавото, но уште повеќе го сакам она што е помалку убаво, што понекогаш и ме болеше, бидејќи сум сигурна дека тогаш си ме спасил од нешто полошо.’ Важно е да веруваш и да се молиш. Дури и за луѓето што ви нанеле зло. Господ го гледа тоа и го наградува, тој од нас бара само покајување и љубов. Безусловна љубов“ – ги опиша пејачката своите чувства во мигот кога ја дознала прекрасната вест.
Таа за магазинот „Хелоу“ ја раскажа и реакцијата на Вељко:
-Таа радост, таа насмевка и прегратка, со сиот тој труд… невозможно е да ви ги опишам. И двајцата сме пресреќни, а тоа најдобро го разбираат двојките што поминале низ истото- изјави Сека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


