| четврток, 6 декември 2018 |

И сестрата на Јанева е фантомски гласач

На листата на фантомски гласачи, која денеска беше споделена на веб-страницата на Државната изборна комисија, граѓаните постојано забележуваат нови и нови имиња меѓу кои има и огромен број членови и симпатизери на СДСМ.

Во многуте што досега се појавија и се хит на социјалните мрежи беа Јани Макрадули, Гордан Георгиев, Мирјана Најчевска, Благој Ханџиски, сестрата на Радмила Шеќеринска – Лилјана, Фијат и Сефер Цановски, екс-претседателот на СДММ Дарко Давитковски , Ерол Ризаов, Ида Протуѓер.

Сега списокот се зголемува и со членови на фамилијата на вработени во ДИК и на специјалната јавна обвинителка, пријателка на СДСМ Катица Јанева.

stefan-fantomi

Најнови на листата со фантоми, за која СДСМ тврдеше дека била полна со гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, се најде и таткото на портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, Стефан.  „Фантомски гласач“ е и сестрата на Катица Јанева, Лиле Делиџакова и нејзиниот син Ѓорге Делиџаков од Гевгелија.

fantomi-na-janeva

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top