Како што јавува германскиот весник „Билд“ од извори од менаџерот на полскиот напаѓач Роберт Левандовски, тој е подготвен да го продолжи договорот со Баерн Минхен и да ги разреши сите дилеми околку неговата иднина во баварскиот гигант.
Полскиот ас веќе подолго време е голема желба на Реал Мадрид, „кралевите“ подготвија и понуда од над 70 милиони евра за да го доведат од „Алијанц арена“ на „Сантијаго Бернабеу“, но Левандовски е подготвен да ја потврди лојалноста кон Баерн.
Агентот на Левандовски веќе ги известил челниците на Реал Мадрид и сега „кралскиот клуб“ ќе се обиде да ги интензивира преговорите со Борусија Дортмунд за ангажман на Обамејанг.
то се однесува до Левандовски, новиот договор ќе биде потпишан во текот на месец април, за најдобриот стрелец на Баерн да биде максимално фокусиран на фудбал за клучните натпревари во финишот од сезонава.
Со задржувањето на одличниот голгетер Баерн исполнува уште една од зацртаните цели откако во претходните неколку месеци беа потпишани нови договори и со Алаба, Милер, Боатенг и Хави Мартинез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен