| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за Чауш

Захир Беќири Чауш се сели од Идризово во Шутка, откако судијата на претходна постапка го прифатил барањето на Обвинителството и за осомничениот во „Фабриката за афери“ на СДСМ одредил мерка притвор во траење од осум дена. Информацијата за „Прес24“ и официјално ја потврдија од Судот.

Чауш е третиот од „Фабриката за афери“ кој доби притвор по последната полициска акција. Освен него, уште едно лице доби осумдневен притвор, а третото лице ќе остане во Шутка најмалку 30 дена, откако судијата на претходна постапка го прифати барањето на Обвинителството кое ова лице го гони за нелегално поседување оружје.

Захир Беќири Чауш стана познат во јавноста како организатор на „Фабриката за афери“ на СДСМ. Важи за близок човек на Зоран Заев, а лидерот на СДСМ во повеќе наврати призна дека тој е член на СДСМ со кого имал соработка. Во јавноста се појавија и фотографии на Заев со Чауш направени во централата на СДСМ на „Павел Шатев“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top