| четврток, 6 декември 2018 |

Дехари со порака за соживот

fatmir dehari

Ние работиме на подобрување на имиџот во општината Кичево и сакаме да градиме соживот. Информациите дека има отпуштања на вработени не се точни, напротив ние сега ги преземаме вработените од општините кои се припоија на Кичево, вели Бурим Кадриу, шеф на кабинетот на градоначалникот Фатмир Дехари, пишува МКД.МК

Во општината Кичево во текот на месецов се преземени вкупно 59 вработени од Вранештица, Другово, Осломеј и Зајас, општини што според новата територијална поделба ѝ се припоија на кичевската. Сега во општината има вкупно 150 вработени, кои, како што вели Бурим Кадриу, шеф на кабинетот на градоначалникот Фатмир Дехари, ќе работат на подобрување на имиџот на општината Кичево и во интерес на сите граѓани без разлика на етничката припадност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top