| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата на летните љубовни романи Елин Хилдербранд објавена на македонски јазик

Елин Хилдербранд, авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ отсега ќе може да се чита и на македонски јазик. Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Трач“.

8145d511-7f2d-4ef2-8e61-44b9a0a9413e

„Антолог“ и официјално ќе биде издавач на македонски јазик на книгите на авторката позната како „кралицата на летните љубовни романи“. Следниве шпекулации за неа се точни: ги пишува своите романи рачно, добра готвачка е, но катастрофална градинарка и се бори со рак на дојката. Сè друго е отворено за шпекулации. На македонски делото го преведе Нина Рудиќ.​

„Трач“ е прекрасна книга за отпуштање во секое време и на секое место. Меделин Кинг и Грејс Панцик се најдобри пријателки на кои им завидува целиот остров Нантакет поради сето тоа што го имаат – совршени бракови, прекрасни деца, заеднички вечери во недела навечер. Сепак, Грејс ѝ се доверува на Меделин дека го изневерува сопругот, а оваа почнува да пишува роман за тоа, сакајќи да го објави зад нејзин грб… А, доколку во Нантакет сакаат нешто повеќе од коктели на плажа на зајдисонце, тоа е – добар трач. И додека Грејс и Меделин се обидуваат да ги поправат работите, можно е вистината да биде полоша и од тоа што го зборува народот.

Емотивната сага „Трач“ е петнаесеттиот роман на  Елин Хилдербранд. Сите нејзини книги се случуваат во околината на островот Нантакет, каде што и самата живее со сопругот и со трите деца. Како тинејџерка секое лето го минувала на Кејп Код, безгрижно уживајќи, сè додека татко ѝ не загинал во авионска несреќа. Следниот одмор решила да работи, поставувајќи си нова животна цел: секогаш да ѝ биде лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top