Авионот „ербас А320“, кој сообраќал на релација Александрија- Каиро, кусо по 8.20 часот по локално време навлегол во воздушниот простор на Никозија, при што пилотите побарале да слета на аеродромот во Ларнака, поради тоа што во него имало киднапери.
Авион на египетската компанија „Иџиптер“ со 61 патник и членови на екипажот принудно слета на аеродромот во кипарскиот пристанишен град Ларнака околу 8.30 часот изутрината по локално време.
Сите патници од киднапираниот египетски авион се ослободени, освен седуммината членови на екипажот и четворица странци, соопшти компанијата „Иџиптер“, јави „Би-Би-Си“.
Во моментов авионот се наоѓа во зоната за безбедност на аеродромот во Ларнака.
Според медиумските извештаи, сите странци се Европејци.
Преговорите со киднаперите резултираа со ослободување на сите патници, освен членовите на екипажот и четворица странци, напиша авиокомпанијата на „Твитер“.
Според кипарските медиуми киднаперите побарале од пилотите да го приземјат авионот во Ларнака.
Според кипарски претставник постои сомневање дека во авионот има бомба.
Кипарските власти се во состојба на зголемена готовност и веќе е свиката итна владина седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст