Едрене во светот е познат како втор главен град по Бурса. Исто така, градот е познат во албанските и во македонските песни каде што се спомнува ремек-делото на познатиот турски архитект Мимар Синан, џамијата Селимие, која се смета како врв на неговото творештвo …
Во рамките на Фестивалот за филм вчера на Тракискиот универзитет во Едрене се одржа панел-дискусија на која говореа државниот секретар во Министерството за култура на Република Македонија Бехиџудин Шехаби, директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓорѓоска – Илиевска директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Македонија Скендер Асани и Алев Парса, педагог и експерт за турскиот филм и музикологија.
Државниот секретар Шехаби на панел-дискусијата го образложи значењето на градот Едрене, кој е познат како град – порта на Европа.
– Едрене во светот е познат како втор главен град по Бурса. Исто така, градот е познат во албанските и во македонските песни каде што се спомнува ремек-делото на познатиот турски архитект Мимар Синан, џамијата Селимие, која се смета како врв на неговото творештво, што е споредено со Микеланџело и неговите дела создадени за време на Ренесансата – истакна Шехаби.
Директорката на Агенцијата за филм Ѓорѓоска-Илиевска на панел-дискусијата се заблагодари за можноста што и е дадена на Македонија за да ја претстави својата култура во Турција преку филмографијата на браќата Манаки. Таа истакна дека браќата Манаки, уште во 1905 година, со нивната прва камера ја снимиле првата фотографија во движење и ја снимиле посетата на Мехмет Решат III во тогашна Македонија.
Ѓорѓоска Илиевска, меѓу другото, зборуваше и за почетоците на македонската кинематографија, за првиот долгометражен филм „Фросина“, кој е снимен во 1952 година. Таа посочи на фактот дека ова не е првата презентација на македонската култура во Турција со оглед на тоа што ваков настан се одржа пред неколку години во Анталија и во Бурса.
– Културолошките врски меѓу Македонија и Турција постојат од почетоците на филмот и траат до ден денес – истакна директорката на Агенцијата за филм, Ѓорѓоска Илиевска.
Во рамките на фестивалот вчера беше претставен и документарниот филм на Елизабета Конеска, „Македонците во Истанбул“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.