| четврток, 6 декември 2018 |

Во болница остануваат 96 повредени при нападите во Брисел

По нападите во Брисел во болница и понатаму остануваат 96 повредени лица, напиша на Твитер белгиската министерка за здравство, Маги де Блок.

Министерството соопшти дека од хоспитализираните 93 се наоѓаат во Белгија, двајца во Франција и еден е испратен во САД.

Педесет и пет од повредените се уште имаат потреба од интензивна нега, а 30 лица се здобиле со тешки изгореници и се лекуваат во специјализирани белгиски болници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top