Доколку ги прашате безбедносните експерти кој е најбезбеден аеродром во светот, повеќето од нив без двоумење ќе одговорат – „Бен Гурион“ во Тел Авив.
Како главен меѓународен аеродром во Израел, станува збор за голема и сочна мета за многубројни радикални групи. Можеби нѐ изненадува фактот дека безбедносната служба на аеродромот доживува помеѓу 50 до 70 инциденти дневно, но изненадува фактот дека за тие инциденти не се свесни ни патниците на аеродромот, ниту медиумите. Израелските експерти усовршиле состав кој дава оптимален сооднос помеѓу безбедноста и леснотијата во патувањето, и сите потенцијални закани се решаваат брзо и лесно, на места кои не можат да ги загрозат добронамерните патници.
На „Бен Гурион“ патниците не ги соблекуваат чевлите, не им се одземаат шишиња со течност, не им се прават детални прегледи на багажот, патниците не мора да минуваат преку масовни детектори, но последниот напад се случил пред повеќе од 40 години, кога припадниците на јапонската Црвена Армија, кои пристигнале од Рим, и со пушки и бомби ги нападнале другите патници во просторијата за пристигнување. Ниеден авион кој полетал од „Бен Гурион“ никогаш не бил киднапиран или разнесен. Како успеваат да постигнат таков степен на безбедност? Службениците на аеродромот „Бен Гурион“ не бараат бомби и ножеви – тие трагаат по лоши намери.
Додека на американските и европските аеродроми службениците ќе гледаат во екраните и ќе бараат скриено оружје или експлозив, во Тел Авив ќе ве гледаат во очи и ќе ви поставуваат прашања кои психолозите ги дизајнирале за да предизвикаат реакција кај терористите. Терористите обично не се плашат од смрт, но се плашат да бидат фатени. Тешко е да носиш бомба со себе и да останеш мирен, а инспекторите на „Бен Гурион“ реагираат на знаци на нервоза. Сомнителните ги праќаат на следното ниво на интензивно интервју, каде подобро тренираните експерти ги раздвојуваат потенцијално опасните од обичните луѓе, кои се нервозни поради летот, доцнење или поради нешто трето.
„Бен Гурион“, исто така, се потпира на повеќекратни кругови на заштита – првата средба со персоналот на аеродромот се случува на повеќе од еден километар од терминалот, каде што се прави првото кратко интервју со патниците. Минуваат уште низ неколку кругови на заштита, додека конечно не пристигнат до својот авион. Додека не ги минат првите два круга, не се наоѓаат во близина на повеќето луѓе – различно од повеќето американски или европски аеродроми, каде сите патници стојат во масовни редови за безбедносен преглед, кои се идеална цел за бомбаш-самоубијците.
Израелските служби за безбедност се потпираат и на квалитетни разузнавачки податоци – сите агенции имаат директна линија на комуникација со аеродромите, и редовно ги обновуваат листите со барани и сомнителни лица. Агентите кои ги испрашуваат патниците се наоѓаат и на шалтерите за пријавување на другите аеродроми од кои тргнуваат летовите за „Бен Гурион“. Неколкупати веќе сопреле или фатиле потенцијални терористи кои ги минале редовните безбедносни проверки на другите аеродроми.
Патниците кои не привлекуваат посебно внимание, од почетниот круг за безбедност до својот терминал можат да дојдат за само 25 минути, што е многу кратко време во воздушниот сообраќај. Од друга страна, таквиот степен на безбедност бара броен и обучен персонал, кој не доаѓа евтино.
Станува збор за решение кое сигурно би ја кренало цената на воздушниот сообраќај во Европа, и значително би го забавило процесот за полетувањето на патниците. Додека низ „Бен Гурион“минуваат околу 11 милиони патници годишно, низ британски „Хитроу“ минуваат речиси шестпати повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст