По црниот викенд, денеска две лица се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на влезот во кавадаречкото село Раец.
Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска за МИА рече дека во несреќата што се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп учествувале две патнички моторни возила и оти засега не можат да кажат повеќе детали.
Од Службата за итна медицинска помош во Кавадарци информираат дека две повредени лица во сообраќајната несреќа биле однесени во Општата болница во Кавадарци каде им се санираат повредите.
Фото: архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.