| четврток, 6 декември 2018 |

Шампион конечно ја победи Академија 2

По две нерешени средби меѓу екипите на Шампион Вардар и Академија 2 во Вардар јуниор лигата, тимот на Шампион Вардар конечно се радуваше на триумф. Тие победија со 21-20 во 5 коло на генерацијата 1998/99 во меч одигран викендов во Скопје.

Суперорноста која досега ја покажуваше Академија 2, овој викенд не беше на истото ниво. Тие се „провлекоа” и на следниот натпревар во истата група, само против Академија 1, што го добија со 20-19.
Екипата на Шампион Вардар загуби на првиот натпревари викендов и тоа од Академија 1 со 13-21.
На табелата води Академија 2 со 16 бода, Шампион Вардар има 8, а Академија 1 е трета со 6 бода.

Во генерацијата 2004/2005 изненадување е поразот на лидерот Академија 1 чии ракометари загубија со 9-13 од Академија 2. Досега Академија 1 беше единствен тим без загубен натпревар, но и покрај ова останува на првото место со 10 бода, од 6 натпревари.
Академија 3 загуби од ГРК Гостивар Вардар со 4-7.
На табелата води Академија 1 со 10 бода, Академија 2 и Академија 3 имаат по 5 бода, а ГРК Гостивар Вардар има 4 бода.

Кај најмладите ракометари, родени 2006 – 2009 година имаше и најмногу одиграни натпревари, вкупно 6. Лидерот Академија 3 останува на врвот со огромна предност во однос на другите екипи. Академија 3 одигра два натпревари и двата ги доби со убедлива предност. Прво беше победен Ѓорче Петров Вардар со 12-3, а потоа и Општина Кисела Вода Вардар 2 со 8-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top