| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на летот Тирана – Бергамо

Патник на летот од албанската престолнина Тирана до италијанскиот град Бергамо, се обидел да отвори една од авионските врати. Да дојде до поголем инцидент навреме го спречиле останатите патници, пренесе албанската телевизија „Клан“.

Телевизијата пренесува дека лицето кое се обидело насилно да ја отвори вратата на авионот, имало бројаници во рацете и имало чуден изглед. Тој потоа бил совладан од страна на обезбедувањето во авионот, а по слетување во Бергамо, тоа било спроведено на полициски испитување. Засега нема други информации околу инцидентот.

За време на драмата која траела десетина минути, меѓу патниците во авионот настанала вистинска паника, јавија истите извори.

Авионот полетал од аеродромот Ринаси кај Тирана. Инаку летот бил на авиокомпанијата „Блу Панорама“, која ги реализира летовите на релација меѓу Албанија и Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top