| четврток, 6 декември 2018 |

Откриено кој го пушти во јавноста порновидеото на Ким

Јавната тајна конечно е потврдена. Како што јавноста одамна се сомневаше, а светските медиуми шпекулираа, сега е напишано во новата биографија на семејството Кардашијан на авторот Иан Халперин

„Случајното“ објавување на домашното видео на Ким Кардашијан е всушност добра режија на нејзината мајка и менаџер, Крис Џенер. Халперин тврди дека таа договорила се со продукциската куќа Вивид и дека таа е одговорна за објавувањето на видеото во јавност. Била уверена дека тоа е правиот пат за нејзината ќерка доколку сака да биде славна. Ким само го потпишала договорот.

– Заедничкиата пријателка, Парис Хилтон ја советувала дека доколку сака да стане славна, домашно порно видео е вистинскиот пат за нејзе – наведува извор од порно индустријата
Контроверзната книга „Династијата на Кардашијан” сигурно ќе крене уште прашина, но тоа на семејството ќе им донесе само уште повеќе слава и пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top