Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денес одржа втора прес конференција на Специјалното јавно обвинителство на која беше забележлив напредокот во течно читање на соопштението во споредба со првата прес конференција.
Сите присутни новинари беа воодушевени од леснотијата со која Јанева го прочита воведното соопштение, држејќи ги листовите со нејзините 10 прсти со кои си го заработува целото богатство во животот.
После прес конференцијата доминираа прашања за напредокот на Јанева, а новостекнатата вештина на обвинителката ја засени содржината на прес конференцијата и обвиненијата кои беа соопштени на истата.
„Нема да коментирам многу, точно е дека вежбав, меѓутоа тајната нема да ви ја откријам сега, можеби подоцна во текот на постапката. Доволно е да знаете дека моите десет прсти со кои постигнувам се во ивотот и овој пат ми беа од корист“, соопшти Јанева.
Таа додаде дека со истите десет прсти побарала и службен стан во Скопје, бидејќи двата стана во Скопје во нејзина сопственост веќе ги препишала на име на своите деца.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст