| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје низ една поинаква призма

Викендов вниманието на посетителите на Средно Водно го привлече уметничката Симонида Филипова Китановска, која на проѕирна површина од големо парче плексиглас, внесена, го сликаше – својот град.

IMG_3322

Кога љубопитните ќе ѕирнеа што има на нејзината слика, гледаа нешто што на прв поглед не им паѓаше на ум како асоцијација за нивниот град. Сликајќи го Скопје, Симонида ги нагласуваше сивите облаци, магливиот воздух, загадено Скопје, главна тема во зимскиот период неколку години наназад.

За многумина мистериозната поставка имаше само една силна порака: „Невидливото сè потешко се брише…“, и пак #ОдТебеЗависи.

IMG_3355 IMG_3428 IMG_3426

Се надевам дека оваа активност ќе наиде на заинтересираност не само кај Скопјани туку кај сите граѓани во земјата. Би била среќна кога би размислиле сите за своите постапки, бидејќи доколку сакаат да му помогнат на својот град во намалувањето на загаденоста, секој прво треба да тргне од самиот себе и своите секојдневни навики. Само на тој начин, масовно здружени, сите заедно можеме да направиме промена во општестовото во кое живееме – изјави Симонида Филипова Китановска.

Симонида ги замисли присутните да се прашаат за што навистина станува збор.

IMG_3419 IMG_3412 IMG_3409 IMG_3389 1_IMG_3415

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top