| четврток, 6 декември 2018 |

Како мажите избираат жени, а како љубовници?

Мажите имаат различни критериуми за избор на жена и на љубовница, а главен критериум по кој одлучуваат се цртите на лицето, вели истражувањето што го спроведоа на универзитетот „Стирлинг“. Колку и да звучи чудно, женствените црти на лицето, поточно полните образи и помалата коска на вилицата, даваат понежен изглед, кој во машкиот ум редовно се поврзува со добро здравје, атрактивност и младост – а тоа се карактеристики на љубовница.

Овој изглед обично го имаат жените со повисоко ниво на естроген, а особено им се привлечни на мажите што веќе имаат партнерка.

Покрај тоа, таквите лица повеќе им се допаѓаат на мажите што за себе мислат дека се атрактивни, но кај жените сепак е сосема поинаку – на нив за авантура им се привлечни мажи со погруби црти на лицето, така што убавците не се баш материјал за љубовници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top