| четврток, 6 декември 2018 |

Во Народниот театар во Велес синоќа премиерно изведена претставата „Старицата од Калкута“

Бројната публика во салата на новиот театар во Велес со долг и силен аплауз ја награди успешната изведба на оваа несекојдневна претстава направена како еден вид на театарско шоу

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во  Велес синоќа премиерно беше изведена претставата „Старицата од Калкута“ од израелскиот автор Ханок Левин, а во режија на Софија Ристевска -Петрушева.
Бројната публика во салата на новиот театар во Велес со долг и силен аплауз ја награди успешната изведба на оваа несекојдневна претстава направена како еден вид на театарско шоу.
Во изјавата за медиумите по претставата режисерката Софија Ристевска-Петрушева оцени дека велешкиот театарски ансамбл направил европска претстава.
– Претставата е еден многу силен ритам на  изведување на дејството на сцена,актерите беа многу физички и психички подготвени, затоа што ова беше претстава каде што презентиравме апсурдни и на моменти комисчни ситуации бара голема подготвеност на актерите. Значи немаше импровизации, следевме конкретни структури партитури. Работевме напорно околу два месеци и  активно со кореографот,на нивната физика и емоционална спремност. Левин е мног строг автор и не дозволува никакви имправизации и јас како режисер и актерите моравме да бидеме многу дисциплинирани за да го постигнеме тој ритам што го бара претставата, потенцира режисерката Ристевска-Петрушева.
Во претставата играа актерите: Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Слободанка Чичевска, Фаик Мефаилоски, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Талија Настова.
По претставата актерот Васил Зафирчев изјави дека е задоволен како поминала на сцената и како биле прифатена од публиката.
– Ние ја очекувавме таа реакција од публиката бидејќи ова не е класична претстава и оди кон шоу  и очекувавме дека публиката ќе се почувствува како да не е во театар тука дека е во шоуто кои ние го правиме на сцената. Инаку претставата е многу напорно за играње има убиствено темпо,има многу промени,многу реквизити,многу костимски промени,огромен текст бидејќи секој од актерите игра по неколку улоги и затоа актерски е напорна. Од претставата и за мене како актер и уметнички директор на театарот, најголема придобивка од целиот овој процес во работата со режисерката Софија е токму таа огромна количина на актерски труд којшто нашите млади актери,покрај мене и Кети и повозрасната Слободанка,одлично се справија со еден ваков комплициран жанр,којшто во себе обединува не само класичен театар туку и варијатетни форми на театарот како што е мјузиклот и кабарето, потенцира актерот и уметнички директор Васил Зафирчев.
Инаку, сценографијата на претставата е на Филип Коруновски, костимографијата на Андреј Ѓорѓиевски, кореографија и сценски движења на Кире Миладиновски, а музиката на Сашко Костов.
Пред претставата од сцената актерите ги презентираа светската и македонската порака, а по повод 27 март Светскиот Ден на театарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top