| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 69 убиени и повеќе од 200 повредени во терористичкиот напад во Пакистан

160327120415-05-lahore-blast-0327-exlarge-169Најмалку 69 убиени и повеќе од 200 ранети лица е билансот од терористичкиот напад на бомбаш-самоубиец во пакистанскиот град Лахоре.

Во соопштението на безбедносните власти се вели дека нападот се случил во паркот „Гулшан е Икбал“ вчера, во доцните вечерни часови, по локално време, кога паркот бил полн со народ и со голем број христијански семејства кои го прославувале Велигден.

160327135443-08-lahore-blast---restricted-exlarge-169Најголемиот број од жртвите се жени и деца.

Одговорноста за нападот ја презеде милитантната исламистичка група Џамлат ул Ахрар, која се претставува како фракција на пакистанските талибанци.

Нападот се случи кај главниот влез во паркот, во реонот каде што обично се оставаат автомобилите, но и блиску до детското игралиште на кое родителите ги носат децата да играат на нишалки.

160327135301-07-lahore-blast-0327-exlarge-169Сведоци изјавиле за пакистанската телевизиска станица ГЕО дека по експлозијата настанал хаос, од што се создало стампедо од луѓето кои панично бегале од паркот, па поради тоа голем број деца ги загубиле своите родители.

Еден татко објаснил дека со својата сопруга и со двете деца се приближувал кон влезот на паркот, кога се случила експлозијата. Таа била толку силна што сите четворица биле фрлени на тлото.

160327123235-06-lahore-blast-exlarge-169Претседателот на Пакистан се огласи со соопштение во кое остро го осудува терористичкиот напад и изразува сочуство за жртвите на нападот.

Лахоре е главен град на најголемата и најбогата пакистанска провинција Пенџаб, која важи и за политичка база на актуелниот премиер Наваз Шариф.

160327120238-04-lahore-blast-0327-exlarge-169Регионалната влада на оваа провинција прогласи тридневна жалост.

Пакистан се соочува со постојаните судири со талибанците, со религиозното насилство и со активноста на разни криминални банди.

pakistanПред пет години, на пазарот во главниот град на земјата Исламабад беше убиен гувернерот на Пенџаб, од еден милитантен исламист, негов телохранител.

Гувернерот беше убиен затоа што се залагаше за укинувањето на законот за богохулство и бранеше една локална христијанка која беше осудена на смрт за наводно навредување на исламот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top