Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци е на дневен ред на 99. седница на Собранието на Република Македонија.
На оваа седница, пратениците, меѓу другото, ќе расправаат и по предлогот за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.
Во рамки на седницата ќе бидат разгледани и повеќе предлог-закони за изменување и за дополнување закони, меѓу кои и законите за спорт, за договорен залог, за трговски друштва, за градење… сите по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и по предлогот за дополнување на Законот за помилување, по скратена постапка, поднесен од пратениците од опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.