Кокосовото масло има многу примени. Освен што може да се користи за готвење, има голема примена и во козметиката и негата на кожата. Во продолжение прочитајте дел од начините на кои можете да го користите кокосовото масло и зошто е паметно да го купите уште веднаш.
Отстранување шминка
Нема потреба да купувате скапи производи за отстранување шминка. Кокосовото масло не предизвикува никакви алергии, а ѝ дава и дополнителна хидратација на кожата.
Лосион за тело
Кокосовото масло ја негува и омекнува кожата на телото и ѝ дава посебна, убава арома.
Балзам за усни
Наместо обичните балзами за усни, нанесете малку кокосово масло на усните. Ништо не е подобро од природното, нели?
Маска за коса
Откако ќе ја измиете косата, втријте малку кокосово масло во неа и оставете да отстои 10 минути. Потоа исплакнете. Косата ќе ви биде мазна и сјајна.
Крем за лице
Некои од најдобрите кремови и маски за лице во својот состав содржат кокосово масло, особено оние наменети за сува кожа. Наместо крем, со прстите нанесете малку од маслото на кожата на лицето. По неколку дневна употреба ќе забележите позитивни резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.