| четврток, 6 декември 2018 |

Стабилна и мирна ситуацијата на македонско-грчката граница

Стабилна и мирна во моментот е ситуацијата на каменот 59 на македонско-грчката граница откако денеска мигрантите кои се уште се наоѓаат во дивиот камп во Идомени се обидуваа во неколку наврати да се доближат до местото низ кое минуваа на македонска територија.

granica

Како што јавува дописникот на МИА, во тоа биле спречени од грчките полицајци кои забележително се присутни во поголем број и не им дозволуваат на бегалците да се доближат до граничната ограда со Македонија која постојано се чува од нашите армиски и полициски сили.

По интервенцијата на грчката полиција бегалците се спречени да се доближат до границата и се вратени назад кон кампот и селото Идомени каде се уште протестираат и ги блокираат локалните патишта и мостотови. Инаку активностите на грчката страна за евакуација на бегалците од кампот во Идомени продолжуваат и денеска наспроти тензичната состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top