На мирниот марш против насилието кој денска беше организиран во центарот на Брисел неочекувано се појави поголема група самопрогласени неонацисти извикувајќи неонацистички пароли.
Околу 700 хулигани го прекинаа собирот на кој граѓаните се собраа да им оддадат почест на жртвите на терористичките напади во овој град. Тие со воз стигаа денеска и веднаш се упатија во центарот на градот, велат полициски извори.
Како што пренесува „Си-ен-ен“ хулиганите марширале низ центарот со нацистичко салутирање, а полицијата набрзо ги опкружила.
Маршот беше прекинат кога полицијата принудено интервенираше за да ја спречи ескалацијата на состојбите поради провокациите кои неопнацистите ги испраќаа кон жените муслиманки присутни на маршот.
Наонацистите потоа направија нереди во околните улички во центарот на градот за подоцна да бидат растурени со употреба на водени топови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.