Сирискиот претседател Башар Асад ја поздрави победата на своите војници над џихадистите во Палмира. Тој ја опиша оваа победа како важно достигнување, соопшти агенцијата „АФП“
– Ова е значајно достигнување и последователен доказ за ефикасноста на сириската армија и нејзините сојузници во борбата против тероризмот – изјави Асад за повторното освојување на Палмира, за време на состанокот со француски парламентарци одржан во Дамаск.
Рускиот претседател пак имал телефонски разговор со сирискиот колега Башар Асад, во кој честитал за ослободувањето на градот Палмира од контролата на терористите, соопшти Прес секретарот на рускиот претседател, пренесе „РИА Новости“.
Притоа Путин ја истакнал важноста на зачувување на овој уникатен историски град за светската култура, изјави Дмитриј Песков.
-Путин повторно посочи дека и покрај повлекувањето на главниот дел од рускиот воен контингент од Сирија, руските вооружени сили ќе продолжат да им помагаат на сириските власти во борбата против тероризмот и во ослободувањето на земјата од екстремистички групи – рече тој.
На 25 март сириската владина армија го ослободи целосно античкиот град Палмира од Исламската држава. Операцијата за ослободувањето на градот траеше околу една недела, а при ослободувањето на градот загинале 400 џихадисти од Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст