Ако имате проблем со перисталтиката и со редовното празнење на цревата, во исхраната мора да внесете повеќе диетални влакна. Во решавањето на овој проблем ќе ви помогне овој фин напиток кој се базира на сезонски намирници.
Потребни состојки:
1 голема круша
100 мл бадемово млеко
50 г немасен јогурт
50 г овесни снегулки
½ лажица мед
1 лажица бадемов путер
½ лажица рендан ѓумбир
Прстофат цимет
Постапка:
Крушата добро измијте ја, исчистете ја од семки и исечете ја на коцки. Ставете во блендер па спојте ја со овесните снегулки, млеко, јогурт, мед, путер и ѓумбир. Матете додека да добиете еднолична смеса. Послужете со прстофат цимет. На здравје!
Како функционира овој напиток?
Крушата е овошје со висок процент на диетални влакна кои ја подобруваат дигестијата и го поттикнуваат празнењето на цревата. Ефектот ќе биде уште поголем доколку се користи и кората, но само доколку располагате со органски плод кој не е третиран со хемикалии.
Дигестијата ја активираат и овесните снегулки а циметот го забрзува целокупниот метаболизам.
Извор: НМД
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст