-Изминатите денови сведоци сме на еден атак од страна на опозициската СДСМ врз работењето на едно независно регулаторно тело, а тоа е Регулаторната комисија за енергетика, односно генерално обвинувањата за увоз на електрична енергија по повисока цена од пазарната, вели во интервју за ТВ НОВА Кристијан Мицковски, советник за енергетика во Владата.
– Морам да кажам две работи. Првата работа е- или станува збор за груба манипулација на граѓаните на Македонија од страна на СДСМ, или за она што помалку сакам да верувам е тотално непознавање на материјата и на начинот како функционира електро-енергетскиот систем на РМ и начинот како се води бизнисот со електрична енергија во регионот, Европа, па и пошироко. Имено, секоја сериозна држава како што е и Македонија, на почетокот од секоја година врши детална анализа на потенцијалот за следната година. Потенцијал подразбира потребите на граѓаните, индустријата, односно целокупната економија и останатите сегменти што ја сочинуваат државата од енергенси. Дали станува збор за нафта, гас, мазут, електрична енергија, цела година се анализира пазарот, трендовите во светот и врз основа на сите тие собрани информации се креира еден документ кој што се вели енергетски биланс. Тој содржи дел кој се темели на потребите на граѓаните, индустријата и останатите чинители во нашата држава, од аспект на нивните потреби за електрична енергија, вели Мицковски.
Тој нагласува дека тоа подразбира дека ние како држава однапред ги дефинираме потребите на државата за електрична енергија, односно тој електро-енергетски биланс е доставен до сите чинители на пазарот, како што се државните компании ЕЛЕМ, МЕПСО, операторот на дистрибутивен систем ЕВН, сите чинители генерално кои го сочинуваат пазарот на електрична енергија, тие даваат свои предлози, анализираат, сугерираат и врз основа на таа детална анализа која ќе ја добиеме од страна на сите чинители ние го формираме завршниот извештај кој што се усвојува.
-Врз основа на тие потреби, а согласно Законот, пазарот на електрична енергија го управува операторот на дистрибутивен систем што операторот на дистрибутивен систем ги обезбедува неопходните количини на електрична енергија потребни за да бидат задоволени сите тарифни потрошувачи. Тарифни потрошувачи се сите корисници на електрична енергија кои се на регулираниот пазар, односно кои не се на слободниот пазар. Во нив спаѓаат сите домаќинства, индустријата која што не набавува електрична енергија на слободниот пазар. Од тие причини, можам да кажам дека секоја сериозна компанија однапред врши задоволување на потребите за следната година, односно при крајот на тековната фискална година се објавува јавен тендер на кој учествуваат најмалку 38 компании кои имаат стекнато право да учествуваат и тие 38 компании поднесуваат понуди за електричната енергија која што е неопходна за да бидат задоволени потебите на граѓаните и индустријата која ја користи електричната енергија на регулираниот пазар. По завршувањето на таа јавна набавка, се потпишува со истите и започнува набавувањето или ненебавувањето, вели Мицковски.
Уште една ноторна теза, додава тој, која што е резултат на непознавањето или на грубата манипулација на граѓаните е фактот дека повеќе од 35 проценти од електричната енергија Македонија ја увезува, што не е точно.
– Ако се погледне тој електро-енергетски биланс ќе се забележи дека 95 проценти од вкупната електрична енергија неопходна за да се задоволат потребите на тарифните потрошувачи, граѓаните и индустријата е од домашно производство, односно ги задоволува ЕЛЕМ, околу 4 проценти е електрична енергија која што е добиена од увоз, односно како резултат на овој јавен тендер кој се реализира на крајот од тековната за следната година и третиот многу мал сегмент, а тоа е произведената електрична енергија од обновливите извори. На тој начин се заокружува портфолиото, односно се заокружува 100 проценти од потребите на граѓаните, меѓутоа увезвената електрична енергија е условена. Тоа значи дека доколку домашното производство ги задоволува потребите на граѓаните и регулираниот сегмент од индустријата, тоа значи дека нема потреба да биде извршена набавката од увоз. Не малку примери имаме такви во минатото и неколку години можеме да кажеме дека домашното производство било доволно за да бидат задоволени потребите на граѓаните и регулираниот сегмент на индустријата за електрична енергија од домашно производство, односно од ЕЛЕМ или енергија произведена од обновливите извори, вели Мицковски.
Во таа насока повторно би сакал да заклучам дека станува збор или за груба шпекулација и обид да се манипулира со граѓаните, или не познавање на начинот како се регулира пазарот на електрична енергија во Македонија. Тоа е сериозен притисок врз една независна регулаторна институција као што е Регулаторната комисија за енергетика, заклучува советникот за енергетика во Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст