| четврток, 6 декември 2018 |

Обама со порака до Белгија: САД ви го чуваат грбот

Американскиот претседател Барак Обама им изрази денеска сочувство на семејствата на двајцата американски државјани, кои загинаа во нападите во Брисел и им порача на Белгијците дека САД им го чуваат грбот во борбата против тероризмот.

Обама во текот на неделното обраќање преку радио и интернет го повтори своето ветување дека ќе продолжи да ја спроведува кампањата против Исламска држава, која презеде одговорност за нападите во Брисел.

Тој нагласи дека американските власти соработуваат со своите сојузници со цел да се искоренат акциите на ИД во Европа.

Обама истакна дека американските власти ја зајакнале безбедносната соработка и дека агенти на ФБИ се наоѓаат во Белгија, каде помагаат во истрагата за нападите во Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top