Белгиската мрежа на нуклеарни централи е соочена со закана од интернет-напад во следните пет години, тврди кооринаторот на Европската унија за борба против тероризмот, Жил де Керхове.
-Нема да ме изненади ако во следните пет години има обиди по пат на интернет да се изведе нападот – изјави Де Керхове.
Агенцијата АФП наведува дека оваа изјава доаѓа во момент кога Белгија е уплашена од нападите на бомбаши-самоубијци на бриселскиот аеродром и метро-станицата во вторникот во кои загинаа 31 лице а беа ранети околу 300 лица.
Денеска бриселскиот дневен весник „Дернијер ер“ повикувајќи се на локални полициски извори објави дека еден член на обезбедување на белгиската нуклеарна централа „Тијанж“ е убиен во градот Шарлроа, а неговата идентификациска картичка е украдена.
Белигискиот печат пишуваше дека бомбашите-самоубијци планирале и напад на нуклеарната централа, но го смениле планот откако бил уапсен нивниот соучесник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст