| четврток, 6 декември 2018 |

Ако ги забележите овие промени на градите веднаш консултирајте лекар

Колку често го гледате Вашето телото во огледалото? Би требало да го правите тоа секој ден. Секоја една промена има некоја причина. За жените е од важно значење да ја следат состојбата на градите. Овие неколку промени во нив, не треба да ги игнорирате и ако забележите такво нешто веднаш треба да посетите лекар.

Мали грутки на брадавиците

Нивната појава се забележува најчесто околу доаѓањето на месечниот циклус и е природна промена во брадавиците. Малите грутки благо ја менуваат големината и стануваат поизразени. Ако забележите дека тие се силно изразени добро е да се консултирате со специјалист, бидејќи тоа може да значи дека има било какви цисти.

Појавата на влакна на градите

Појавата на влакна во темна боја на овие делови на телото е знак на хормонални промени. Обрнете внимание на хормоните и најмногу на нивото на тестостерон Ако земате било какви хормонални препарати, информирајте го вашиот лекар.

Едната дојка е поголема од другата

Двете половини на човечкото тело се несомнено асиметрични. Ова важи и за градите. Нормално е едната да е со неколку милиметри поголема од другата или сместена малку надолу. Асиметрија најчесто се случува за време на предменструален синдром. Од друга страна, значителното зголемување на едната дојка и промената во нејзината форма би можело да е показател за здравствен проблем. Промената во состојбата често е показател за промена во ткивата на дојката.

Воспаление на кожата под градите

Ако кожата под градите е воспалена, тоа би можело да е резултат на алергиска реакција на материјалот на градникот, но и на потење од кое може да Ви се појават и мали акни.

Чешање на брадавиците

Чешањето на кожата и брадавиците можат да укажуваат дека телото Ви ја отфрла козметиката која ја користите или детергентот. Од друга страна, ако Ве чешаат брадавиците, тоа би можело да е резултат на хормонални промени кои му се случуваат на телото и тоа најчесто околу месечниот циклус. Црвен секрет од брадавиците Може да сугерира на бениген тумор кој настанува во млечните канали на дојката. Во секој случај, добро е да побарате совет од лекар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top