Во Арачиново и во дел од општина Липково во тек се повеќе полициски блокади, а како што објавува телевизијата „Телма“ има полициска акција во рамките на редовните активности на МВР.
За телевизијата потврдиле дека има блокада на влезот во Арачиново, но утре ќе соопштеле повеќе детали за акцијата.
Како што објавува „Телма“ нема детали дали специјалците кои се на терен во Липковско-арачиновскиот крај се во акција против вооружена група или пак станува збор за спроведување на активности против криминална група.
Според информации на „Телма“ покрај блокадата пред влезот во Арачиново, пунктови со полициски специјалци има и кај селото Ропаљце како и на местото викано Слупчански бунар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


