Сабота ќе започне со релативно ведро и студено утро. Минималната температура во поголем дел од котлините ќе има вредност во границите од -4°С до 0°С, а на повисоките места околу -5°С – објави Метеопро.
Претпладнето останува претежно ведро, но попладне очекуваме релативно брзо наоблачување со прогресија од север кон југ. Ова наоблачување ќе резултира со повремени врнежи во ноќта кон недела, и тоа во западната половина од земјата. Само на планините овие врнежи ќе бидат од снег. Долната граница на снежните врнежи би се спуштила до околу 1000 метри.
Минималната температура насекаде ќе биде позитивна и во границите помеѓу 1°С и 5°С.
Максималната температура ќе има вредност во границите од 9°С до 12°С во котлините од северниот и западниот крај, на југоисток околу 15°С.
Во скопскиот крај очекуваме ведро утро и претпладне, а попладне и навечер облачно време. Во ноќта кон недела можен е повремен слаб дожд. Минималната температура ќе има вредност околу -2°С, а максималната околу 11°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.