Растечено масло по улицата и еден превртен автомобил на покрив е епилогот од денешната сообраќајка што се случи на улицата „Никола Тесла“, во скопската населба Карпош 1, пренесува Телеграф.
Во сообраќајката учествувале возило марка „фиат пунто“ со скопски регистарски таблички и автомобил „форд фиеста“ со светиниколски таблички.
До несреќата најверојатно дошло во моментот кога возилото „фиеста“ излегувало од попречна уличка, при што се случил директен судир со „пунтото“, кое по сè изгледа се движело од булеварот „Партизански одреди“ кон булеварот „Илинден“.
„Пунтото“ е превртено на покрив, а кај „фиестата“ нема поголеми оштетувања, односно има само мали нагмечувања на хаубата.
Според очевидци, во сообраќајната незгода нема потешко повредени, а во моментов екипа на МВР прави увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст