| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел: Заврши рацијата, три експолозии, еден уапсен

Три силни експолозии и пукотници одекнуваа во бриселскиот кварт Сакрбек за време на антитерористичката операција во која едно лице е уапсено и „полесно повредено“.

На дел од фотографиите се гледаат полицајците како нишанат кон осомничениот, а на друга фотографија се забележува силуета од маж што лежи неподвижно на станицата. Според пишувањата на белгиските медиуми, се работи за за 34-годишниот Реда Крикет, кој регрутирал нови борци за ИСИЛ.

Како што пренесува „Би-Би-Си“ рацијата во која учестувале околу 50 агенти на антитерористичките единици заврши по еден час и веќе нема опасност.

Акцијата е спроведена во истрагата за неодамнешните напади во Европа, а во последните 24 часа поради поврзаноста на терористите се уапсени најмалку 11 лица во Белгија, Франција и во Германија.

Локалните медиуми наведуваат дека станува збор за „голема операција“, а на местото каде што одекнувале експолозиите имало голем број припадници на специјалната полиција, оклопни возила и воени камиони.

Шестмина се уапсени во рациите во Брисел во четвртокот, а едно лице рано наутро. Претходно две лица беа уапсени во Германија и едно во Париз.

Се верува дека лицето што е уапсено во последната рација е поврзано со планирање нови напади во Франција, но и со нападите во Брисел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top