| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Брисел, одекна и трета експлозија

Трета експолозија одекна денеска попладне во текот на полициската акција во Брисел, која е поврзана со терористичките напади на аеродромот и метро-станицата што се случија во вторникот.

Во големата полиција акција во бриселскиот кварт Сакрбек е рането и уапсено едно лице, кое имало експолозивна суспстанција, јави белгиската телевизија РТБФ, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Како што наведува „Ројтерс“, акцијата, која е во тек, е поврзана со терористичкиот напад кој синоќа беше спречен во Франција. На местото на настанот има голем број припадници на специјалната полиција, оклопни возила и воени камиони.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top