| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната нето­-плата во јануари 22.254 денари

плата

Просечна месечна исплатена нето -плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесувала 22.254 денари и е повисока за два отсто во споредба со истиот месец лани, додека просечната исплатена бруто-плата е 32.642 денари, односно повисока за 1,8 отсто.

Во јануари годинава 1 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, порастот на исплатената нето -плата, пред сè, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (14,5 отсто), административни и помошни услужни дејности (9,7) и градежништво (8,7 отсто). Намалување на просечната месечна исплатена нето­-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: стручни, научни и технички дејности (15,6 проценти), информации и комуникации (12,8) и преработувачка индустрија (7,2 процента). Зголемувањето кај просечната бруто­-плата, пак, се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто -плата по вработен во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (13,7 отсто), административни и помошни услужни дејности (9,5) и градежништво (9,2 отсто). Намалување на просечната месечна исплатена бруто ­плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: стручни, научни и технички дејности (13,4 проценти), информации и комуникации (11,3) и преработувачка индустрија (7,4 проценти).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top