| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановци си ја дале 14-годишната ќерка на маж од Крива Паланка

СВР Куманово поднесе кривична пријава за Т.Р. (23) од Крива Паланка, В.П. (55) и С.П.(39), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вонбрачен живот со малолетно лице.

Т.Р. во периодот од 28.2. до 10.3.2016 година, во својата куќа во с. Ранковце живеел во вонбрачна заедница со четиринаесетгодишно девојче.

Второ и третопријавените како родители на девојчето, откако од страна на полициски службеници била вратена во нивниот дом, повторно ѝ дозволиле да живее во вонбрачната заедница со Т.Р.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top