| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен маж кој се гледа на снимката од нападот во бриселското метро

­бел

Белгиската полиција го уапси мажот, кој се гледа на безбедносната снимка покрај Халид ел Бакрауи, осомничен за самоубиствениот напад во бриселското метро, пишува денеска весникот „Стандард“. Канцеларијата на државниот обвинител се уште не ја потврдила оваа информација.

„Стандард“ тврди дека мажот е уапсен, откако еден полицаец го препознал од снимката. Националната телевизија ВРТ објави претходно дека белгиската полиција уапсила шест лица во рамки на истрагата за бомбашките напади во Брисел, во кои загинаа најмалу 31 лице, а ранети беа 316.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top