Сите ја знаеме приказната за Аладин – лошото момче, принцезата и духот од ламбата? На 14 април ни стигнуваат во кината „Синаплекс“ и градско кино „Милениум“, неговите нови авантури и тоа за првпат како урнебесна француска комедија.
Во филмот „Новите авантури на Аладин“ популарниот француски комичар и актер Кев Адамс го игра крадецот, кој со пријателот работи како Дедо Мраз во стоковна куќа и планира кражба по работното време. Пред да тргнат во акција, ги опколува група деца, која одбива да ги остави на мир додека не ја слушнат бајката, принудувајќи ги да ја импровизираат приказната за Аладин. Дејството се префрла во волшебниот Багдад и ги следи добро познатите авантури на Аладин. Тука се духот од ламбата, освојувањето на принцезата, соочувањето со лошиот везир, но на начин што не сте го виделе досега. Во ново модерно руво стариот Аладин се упатува во секогаш интригантни и неочекувани авантури додека децата ја доживуваат секоја авантура како нивна сопствена.
Главните улоги ги толкуваат Кев Адамс, Жан Пол Рув, Ванеса Гид и Вилијам Лебхил, додека режијата ја потпишува Артур Бензакен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст