| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Чешиново-Облешево реагираше на обвиненијата против него

ПС Кочани поднесе кривична пријава против Б.Т. (35) од Кочани, в.д. директор во ОУ„Страшо Пинџур“ и Т.С. (54), наставник во истото училиште, како и против К.Л. (38), градоначалник на општина Чешиново – Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денес МВР.

По ова, од кабинетот на градоначалникот на општина Чешиново – Облешево, Костадин Личков, испратија соопштение, со кое како што велат, ја запознаваат јавноста со целата постапка околу изборот на директор во Основното Училиште во с.Соколарци.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Поради изминат мандат на Директорот на ООУ „Страшо Пинџур“ –с.Соколарци, согласно законската регулатива , Училишниот одбор спроведе постапка за избор на Директор, која заврши без предлог на кандидат до Градоначалникот, поради што и немаше можност да се изврши избор.

Во меѓувреме беше именуван Вршител на Должноста Директор и повторно објавен оглас за избор на Директор.

Во објавениот оглас децидно е наведено дека кандидатите , покрај останатите услови треба да достават –Уверение дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Избраниот кандидат, Б.Т. на ден 20.01.2016 г. , доставил Уверение со кое Основниот суд од Кочани потврдува дека против него нема заведено обвинителен акт кој влегол во сила, со назнака дека уверението се издава заради конкурирање за директор во основно училиште.

Со тоа што против именуваниот нема заведено обвинителен акт кој влегол во сила, дава сознание дека против истиот нема изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, бидејки логички доколку таква забрана постои, ќе се констатира во евиденцијата на Основниот суд.

Значи, се работи за документ кој на ден 20.01.2016 година, е доставен во друга форма а кој произведува исто правно дејство како и Уверението издадено од иста институција –Основен суд Кочани.

НАПОМЕНУВАМЕ дека постапката за избор на директор е спроведена согласно Законот, без никакви неправилности, кое го потврдува и Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top