Кели Брок од Фениск, Аризона подигнал тужба тешка 1,2 милиони долари против свој пријател кој му ја украл неговата фотографија на профилот на Фејсбук.
Спорно е тоа што на својата фотографија невреме над градот ја додал и култната фотографија од Кјубриковата Одисеја во вселената, која како оригинал си ја ставил 34- годишниот Кели Брок.
-Паул секогаш ме копира. Нависина се потрудив многу за да ја најдам таа уникатна фотографија, а тогаш тој ја стави на својот профил. Паул дури и ги избриша моеите коментари на страницата каде се жалев на тоа што тој го направи без мое одобрување. Оттогаш ги кријам објавите на Фејсбук за да не ми се случи повторно некој да ми ги краде идеите- вели навредениот Брок.
Тужениот рекол дека не гледа проблем што замал дел од фотографијата со мајмунот и ја залепил на својата профил- фотографија. Како, никој никогаш да не го гледал филмот Одисеја во вселената, иронично забележал Паул.
Судот ја прифатил тужбата, а првото рочиште е закажано на 28 јануараи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


