| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали од истрагата: УСБ со прислушувани разговори пронајдено кај еден од осомничените од групата на Чауш

На УСБ најдено кај еден од осомничените кај кои беше извршен претрес биле пронајдени прислушувани разговори, дознава „Прес 24“ од извори во истрагата. Истите извори не ја исклучуваат можноста со овие разговори да биле уценувани бизнисмени низ државата и разни луѓе од јавниот живот.
Како што дознава „Прес 24“, бил извршен претрес и во ќелијата на Чауш во Идризово. Таму биле пронајдени и одземени два телефонски апарата. Истрагата дополнително ќе утврдува со кого комуницирал Чауш додека бил во затвор.
Јавноста веќе знае дека во моментот на приведувањето на Чауш пред неколку месеци постоела комуникација со Зоран Заев и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top