Најновиот модел, кој вистински плени на прв поглед, е придвижуван од трилитарски битурбобензински мотор со шест цилиндра, кој развива околу 400 коњски сили и располага со 520 њутн-метри најголем вртежен момент уште при 2.500 вртежи во минута. За пренос на силата на двете оски е задолжен добропознатиот систем на „Мерцедес“, 4матик, а дистрибуцијата на силата се врши во сооднос 31 спрема 69 во корист на задната оска.
Елегантниот Е 43 од 0 до 100 километри на час достигнува за 4,6 секунди, а максималната брзина во овој случај е електронски ограничена на 250 километри на час. Во споредба со неговиот помал брат, моделот Ц 43, кој го користи истиот мотор, агрегатот во Е 43 е посилен за 35 коњски сили, а вредноста на најголемиот вртежен момент останува иста. Дополнителните коњски сили што се добиени од овој мотор одат во прилог на новата спортска Е-класа бидејќи во „Мерцедес“ потврдуваат дека вкупната маса на автомобилот изнесува 1.840 килограми.
Покрај стандардниот деветстепен автоматски менувач, кој се вградува во постојните модели од висока класа на „Мерцедес“, кој е дополнително приспособен за новиот член на Е-класата, стандардниот пакет опрема се добива со 19-инчни АМГ-бандажи, нови сопирачки со дискови од 360 милиметри и воздушна суспензија со приспособливи амортизери во три работни режими. На купувачите како опција им се нуди и „Е 43 4матик“ со 20 инчни двобојни бандажи.
Внатрешноста е збогатена со црна напа кожа, која е сошиена со црвен конец, кој ја дава целата елеганција позната за „Мерцедес“. Голем дел од тастерите се исфрлени, а повеќето команди се извршуваат преку мултимедијалниот систем, кој се управува преку 4,5-инчен дисплеј чувствителен на допир.
„Мерцедес АМГ Е 43 4матик“ на публиката ќе ѝ биде премиерно претставен на крајот од месецот, на Саемот за автомобили во Њујорк. Нарачките за овој модел почнуваат во јуни, а првите модели на патиштата во Европа ќе може да се видат на почетокот на септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст