| четврток, 6 декември 2018 |

Ексклузивно: Ванхауте премина во ВМРО-ДПМНЕ!

vanhaute tocok

Белгискиот преговарач-провокатор и докажан обожавател на мачки Питер  Ванхауте, денеска екслузивно за „А1, оф!“ објави дека преминува во владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Мјаууу! По медалот кој го добив вчера од родната ми држава за правење бељи по Македонија и Грузија, исполнив се што сакав во животот и  решив да се смирам. Официјално поднесов барање за членска книшка во ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам да ме прифатат, оти и тие ќе добијат бенефиции во ЕУ со мене, таму сите даваат погодности за организации со вработени лица со посебни, мачешки потреби ко мене. Прррррр!“ – запреде Ванхауте.

Збунетиот новинар застана, го спушти микрофонот и подигна телефонот, па така целиот во прашалниции се јави кај колегите од „Минус инфо“ за да му објаснат што по ѓаволите и морските вештерки се случува со Ванхауте?!

-„Чоече, па не знаеш ли? Па мачкарот Ванхауте вчера кај Борјан у порталот шо лаже дека е телевизија се стави на линија со ВМРО-ДПМНЕ. Кај онаа разгибаната Ива, шо у ствари се вика Билјана, онаа шо излегуеше од телевизор у А1, ти текнуе, рече дека не би го изненадило дека и тој бил прислушуван?! Призна јавно дека е вмровец бре! Молим ти се друже, па и сам знаеш дека прислушувани беа само од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, ти текнуе пак? Овој Ванхауте да ти се криел цело време и да не одработуел! Арам да му е на мачкине! Друго објаснување нема за трансформацијава, апаш!“ – му свика на младиот колега и му дообјасни оти претходно се консултирал и со партиските содругари од ТВ „Селма“ и „24 паравести“, со кои договориле најпрофесионално у свет да го игнорираат секој чекор и потег на Ванхауте.

Бело во очи и со видно обледен тен, детето од „А1, оф!“ го тргна микрофонот од пред Ванхауте, кој зафтен со мачињата на„Твитер“ не го ни примети неговото заминување.

На врата, збунетото момче се размина со разнесувачот на брза пошта од фирмата „Курир“, кој на разочараниот Ванхауте му врачи писмо со кусото: „БРКАЈ РАБОТА, БИЉМЕЗ ФЛАМАНСКИ!“  испратено од седиштето на владејачката партија, зачинето со донација од 7.990 денари за карта во еден правец кон Брисел. Ванхауте се смири со парите кои ги бутна в чорап, се почеша со ногата зад увото и како секоја мачка хигиенски се излижа кај што треба. Со гласно „Пххххх!“ ги плукна влакната и со силна чкрипка на велосипедот купен од мигрант се упати кон новото му работно место обезбедено од Брисел и неговите верни обожаватели во македонските НВО кои уторово во негова чест се преименуваа во АВО (антивладини организации).

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top